Како една од водечките компании во Македонија во областа на снабдување со енергенси и горива, ни претставува особена чест да ви ги претставиме горивата на интернационалниот бренд „Gulf Oil“ на нашиот пазар.
Почнувајќи од есента во 2017 година, нашите верни потрошувачи и партнери имаат можност да ги користат горивата на американската компанија „Gulf Oil“, дистрибуирани низ земјата исклучиво од страна на „Супертрејд“.
Бренд основан во 1901 година во САД, „Gulf Oil“ дистрибуира горива во повеќе од 100 земји ширум светот, истакнувајќи се како еден од најголемите глобални дистрибутери со повеќе од 1.800 бензински станици, 17 терминали и 100 дистрибутивни центри.
Имплементирајќи ги најстрогите светски стандарди во дистрибуцијата на гориво, „Gulf Oil“ и „Супертрејд“ се насочени кон раст и развој, како на домашниот пазар, така и во Европа и соседството. „Супертрејд“ продолжува активно да ги снабдува своите партнери со горива со врвен квалитет, дистрибуирани според светските стандарди и регулативи, како и да ја гради сопствената мрежа на бензински станици со цел да ги задоволи потребите на потрошувачите во секое време.