За нас
Супертрејд ДООЕЛ е компанија која се гордее на својата 25-годишна традиција и постигнувања со покажување посветеност и доверба на потрошувачите, секогаш нудејќи брза и квалитетна услуга.
Друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ Скопје е основано во 1991 година. Приоритетна дејност е трговијата на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.
До 2011 година, Супертрејд ДООЕЛ главно е фокусиран на развој на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати и друга трговска стока, преку својата сопствена бензинска пумпа, во чии рамки има и мини маркет со внимателно одбран асортиман на потрошувачки производи, козметика за автомобили и моторни масла.
Во 2012 година, Друштвото врши промена на стратегијата и започнува со увоз на нафта и нафтени деривати и таа деловна одлука за развивање на големопродажбата и директниот увоз на нафта и нафтени деривати беа пресудни за растот на приходите во однос на претходната година.
Денес, Супертрејд игра значајна улога на домашниот и регионалниот пазар, преку дистрибуција на над 100 милиони тони нафта и нафтени деривати во Република Македонија и соседството, а воедно е вториот најголем увозник на нафта и нафтени деривати во земјата, во согласност со извештајот на Регулаторна Комисија за енергетија на Република Македонија.
Имајќи ја предвид доминантната дејност, Супертрејд ДООЕЛ за непречено работење е ексклузивен партнер на исклучиво висококвалитетните горива на американската компанија Gulf Oil.
ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Набавените деривати преку својата големопродажна мрежа ги дистрибуира до приватните бензински пумпи, приватни компании и јавни организации (министерства, општини, училишта, јавни претпријатија, универзитети, здравствени организации и други стопански субјекти). Задоволството на клиентите од производите и услугите на Супертрејд ДООЕЛ се покажува со нејзино повторно ангажирање од нивна страна.
Транспортот на нафтата и нафтените деривати го врши преку сопственото друштво за транспорт и услуги Супертрејд транспорт ДООЕЛ, со транспортни средства за нафта и нафтени деривати
Инвестицијата во набавувањето транспортни средства му овозможи на друштвото да заштеди како на трошоци за изнајмување, така и на подобар временски распоред на транспорт и превоз на набавените и продадените деривати.
Како и секоја стопанска дејност во услови на неадекватно стопанство, и дејноста на Супертрејд ДООЕЛ е соочена со голема конкурентност во гранката. Но, политиката на раководството, способноста , тимската работа на колективот го позиционираа Супертрејд ДООЕЛ меѓу поголемите дистрибутери во конкуренција на малостопанственици, која придонесе за поинаква распределба на понудата на нафта и нафтени деривати на македонскиот пазар.
Тоа го потврдува и фактот што неколку години по ред е категоризирана меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија.
Супертрејд ДООЕЛ се гордее со фактот дека има најголем пазарен удел кај приватните бензински пумпи во земјата, опслужувајќи над 80.
БЕЗБЕДНОСТ И ЕКОЛОГИЈА
Складовите за нафта и нафтени деривати се наоѓаат во кругот на скопска Железара. Поради специфичноста на дејноста и условите за работа во складот за нафтени деривати и на бензинската пумпа, Супертрејд посебно внимание посветува на безбедноста и здравјето на вработените, периодично испитување на опремата, редовно одржување, сервисирање и испитување на опремата, ПП-заштита, обезбедување заштитни средства на вработените и обука на вработените.
Во согласност со Елаборатот за проценка на ризик на работни места е извршено мерење на микроклиматски услови, хемиски штетности, испарливи органски соединенија и осветление на бензинската пумпа и складот за нафта и нафтени деривати. Исто така, друштвото заради безбедност на вработените и сигурно и безбедно извршување на дејноста испитување отпор на простирање на громобранско и заштитно заземјување на објектите, опремата и резервоарите, испитувањата ги врши секоја година.
Вработените во складот за нафтени деривати и на бензинската пумпа се опремени со заштитна опрема и работна облека: зимска работна униформа, летна работна униформа, заштитни чевли, заштитни ракавици, а вработените во складот носат и заштитен шлем и заштитни респираторни маски. Опремата за лична заштита е од антистатички материјал предвиден за работа на бензинска пумпа и во склад за нафтени деривати.
На бензинската пумпа и складот за нафта и нафтени деривати, овозможено е 24-часовно следење од лиценцирано обезбедување во работни денови и за викенди, неработни денови и празници.
ВРАБОТЕНИ
Вработените се еден од најважните фактори од кои зависи успешното остварување позитивни резултати, како и целокупниот квалитет на работењето.
Вложувањето во знаењето на нашите вработени се потврдува преку вкупните деловни резултати на компанијата. Супертрејд ДОО внимателно ги избира своите вработени, бидејќи верува дека со таков начин ќе се обезбеди највисоко ниво на професионалност и услуга. Ние веруваме дека постојаниот квалитет и искрениот однос со клиентите се вистински пат до успехот, кој резултира со лојалност и заеднички бенефит.
Со цел задоволување на барањата на потрошувачите, Супертрејд ДООЕЛ континуирано инвестира во едукацијата и сертификацијата на своите вработени, но во исто време и за сертификација на самата компанија според меѓународните ИСО-стандарди.
ISO-СТАНДАРДИ
Супертрејд ДООЕЛ го има воспоставено и имплементирано системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ISO 9001:2008. Системот се одржува и континуирано се подобрува, преку целите и политиката на раководството, резултатите од анализа и оценка на податоците, превентивни и корективни мерки и преглед од страна на раководството.
Супертрејд ДООЕЛ го има воспоставено и имплементирано системот за управување со животна средина во согласност со барањата на ISO 14001:2004. Системот се одржува и континуирано се подобрува, преку целите и политиката на раководството, резултатите од анализа и оценка на податоците, превентивни и корективни мерки и преглед од страна на раководството.
Секоја година во Супертрејд ДООЕЛ, сертификациското тело LL-C (Certification) од Чешката Република врши проверки на интегрираниот систем за квалитет и животна средина во однос на тоа дали ги исполнуваат барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2008и 14001:2004.
МИСИЈА И ВИЗИЈА
- Мисија: Создавање поголеми вредности за своите потрошувачи и за општеството преку активно унапредување на работењето на компанијата на пазарот со нафта и нафтени деривати.
- Визија: Најлојален партнер на пазарот, нудејќи ги своите висококвалитетни нафтени производи на потрошувачите и одржувајќи беспрекорно добри односи со сите вклучени страни во работењето.
ВРЕДНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА
- Да нудиме квалитетни производи и услуги во енергетскиот сектор, услужувајќи ги нашите клиенти во нашата земја и надвор од неа.
- Да овозможуваме континуирана обука и усовршување за сите вработени во компанијата, со цел зголемување на нивната ефикасност и продуктивност.
- Да се максимизира задоволството на нашите потрошувачи, нудејќи им секогаш квалитетни производи.
- Да се претставиме и да создадеме препознатливост и на глобално ниво.
- Зголемување на бројот на потрошувачи кои ќе умеат да ја препознаат нашата подготвеност да понудиме квалитетни производи, создавајќи дополнителни вредности.
- Се залагаме за здрава работна средина во која вработените ќе имаат услови за континуирано стекнување на нови вештини и знаења, размена на искуства и обезбедување личен и професионален развој. На тој начин, се постигнува континуирано следење на потребите и очекувањата на нашите потрошувачи и клиенти.